Connect with us

Фудбал

Англија се треси: Принц од Саудиска Арабија го купува Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед пред десеттина години беше еден од најдобрите клубови на светот , но претходниве неколку сезони Црвените ѓаволи манка мачат со лошите резултати, а освојувањето на Премиер лигата или Лигата на шампионите стана невозможна мисија.

Откако Сер Алекс Фергусон одлучи да замине во пензија работите тотално се смениа на Олд Трафорд, а Црвените ѓаволи никако не можата да се вратат на старите патеки на славата. Сопствениците на клубот, семејството Глазер се обидува на сите начини да го пробуди великанот од Олд Трафорд, но со доаѓањето на Жозе Мурињо и многу ѕвезди тоа се уште нема успеано.

Но, англиските медиуми ја шокираа јавноста со објавата дека семејството Глазер би можело да го продаде Манчестер Јунајтед, и дека за купувањето на овој клуб е заинтересиран принцот од Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман. Тој дури и отворено кажа дека негова желба е да стане сопственик на еден клуб, а доколку тоа биде Јунајтед тогаш оваа желба и тоа како ќе му се оствари.

Богатството на семејството Салман изнесува неверојатни 850 милијарди фунти, а евентуалното купување на Манчестер Јунајтед би чинело “само” три милијарди фунти. Саудиска Арабија веќе некое време вложува во разни спортови, а големи инвестиции имаа и во Формула 1 и WWE. Сепак, се уште не е јасно дали Глазер ќе го продава клубот, но сигурно е дека тука нешто се “крчка”.