Фудбал
Англиската јавност на нозе: Хари Кејн утрово предизвика „земјотрес“ во Тотенхем!
Се чини дека трансферот што ќе го „раздрма“ Островот е близу до реализација.
Хари Кејн требаше да се врати во тренинг кампот на Тотенхем утрово по пауза по Европското првенство, но тој не го стори тоа.
Кејн го одигра финалето на ЕУРО со Англија, доби кратка пауза, а од денеска требаше да започне со тренинзи за новата сезона.
„Скај Спортс“ ексклузивно ја објави таа информација истакнувајќи дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата има џентлменски договор да ги напушти „петлите“ ова лето.
Сепак, Тотенхем не се согласува со тоа, особено по промените во раководните структури и доаѓањето на Фабио Паратичи на функцијата спортски директор.
Манчестер Сити се споменува како следниот клуб за 28-годишниот голгетер. Кон крајот на јуни, граѓаните понудија 100 милиони фунти за капитенот на лондонскиот тим.
BREAKING: Harry Kane has not shown up for Tottenham training. He was due to return to Hotspur Way this morning following a short holiday.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 2, 2021
Сити покрај Кејн го сака и Џек Грилиш од Астон Вила, но секако ќе мора да продадат некои играчи со цел да ги „подмират книгите“ и да го почитуваат финансискиот фер -плеј.
Првата жртва на евентуално купување на Кејн ќе биде Португалецот Бернардо Силва. Треба да ги спакува куферите, а Сити сега со нетрпение очекува понуда за овој играч.
Се верува дека Монако е најблиску до негово доведување. Покрај Силва, sвездите на „Граѓаните“ како Ријад Махрез, Рахим Стерлинг и Габриел Хесус се на излезната врата.
Тотенхем, пак, бара замена за Кејн и во моментов се обидува да го доведе Антоан Гризман од Барселона.