Connect with us

Фудбал

Анкарагучу регистрира 15 играчи во еден ден

Преодниот рок во турскиот фудбал завршува вечерва, а белег на последниот ден остави Анкарагучу. Суперлигашот од главниот град регистрира 15 нови играчи, откако беше симната забраната за трансфери на клубот.

На верност кон Анкарагучу се обврзаа Жерсон Родригез, Џелман Ривас, Саба Лобјанидзе, Конрад Михалик, Даниел Лукашик, Рикардо Фридрих, Оркан Чинар, Атила Туран, Фатих Тултак, Суат Каја, Ахмет Сун, Енес Кубат, Мухамед Јасир Карабај, Ндука Озовко и Милош Стојановиќ.

Анкарагучу се наоѓа во опасната зона на табелата во турската Суперлига, со само четири бода повеќе од позицијата која води во понизок натпреварувачки ранг.