Фудбал
Антонио Конте пречкрта три звучни имиња!
Интер конечно има тим доволно добар тим да се бори за Скудетото до крајот на сезоната.
Иако „нероазурите“ испаднаа од Европа, Антонио Конте остана на клупата благодарение на добрите резултати во Серија А.
Конте, пак, дефинитивно пречкрта три звучни имиња. Италијанскиот стручњак повеќе не смета на три играчи од средниот ред.
Кристијан Ериксен беше отпишан порано, а на Данецот, наводно, му се придружија и Раџа Наинголан и Матијас Весино.
Конте им даде задача на Џузепе Марота и Пјер Аусилио да ги продадат трите играчи од средниот ред и да донесат нови засилувања од профитот.