Connect with us

Фудбал

Антонио Валенсија си оди дома – ќе потпиши за Интер?

Манчестер Јунајтед нема да му го продолжи договорот на нивниот капитен Антонио Валенсија. Засега од клубот не откриваат причина за непродолжување на договорот, па по истекот Валенсија си заминува дома како слободен фудбалер.

Во „црвените ѓаволи“ Валенсија помина десет сезони, а како што пишуваат дел од медиумите тој сака да се испрова и во други лиги. Во Англиската лига е од 2006 година, а пред Јунајтед играше за Виган.

Се шпекулира дека фудбалерот ќе потпише за Интер, од каде потврдуваат дека се заинтересирани за неговиот потпис.