Фудбал
Апсурдни сцени за време на квалификацискиот натпревар за СП: Полицијата го штитеше играчот додека изведуваше корнер
САД одиграа 0:0 со Ел Салвадор во првиот квалификациски меч за СП.
Иако беа многу фаворити поради многу посилниот ростер, Американците на крајот освоија само бод и секако се разочарани поради тоа, додека домаќинот може да биде многу посреќен.
За време на натпреварот, Салвадор имаше голема поддршка од трибините, но темпераментните навивачи на домашниот тим во неколку наврати им направија пекол на членовите на американскиот тим.
По 50 минути, Џовани Рејна се подготвуваше да го изведе, но навивачите на стадионот фрлаа со разни предмети, па полицијата го опкруши фудбалерот на САД за да го заштити.
Ова не е единствениот инцидент што го направија навивачите за време на тековната серија од квалификациите за Светското првенство. Слична ситуација се случи и во Унгарија, каде англискиот тим ги победи домаќините со 4:0 на „Пушкаш арена“.
По постигнатиот гол на Рахим Стерлинг, чаши и шишиња пиво полетаа кон славните играчи, а по голот на Магваер од трибините беше исфрлена ракета.
Покрај тоа, се слушаа грди извици од унгарските навивачи кои расистички навредуваа одредени гостински репрезентативци, поради што ФИФА започна истрага и се подготвува строга казна за Унгарците.