Connect with us

Фудбал

Арапите ќе прават моќен Њукасл, силен состав, меѓу нив фудбалер со македонско потекло?!

Нов тренер треба да биде Брендон Роџерс, а можноста за доведување на Ерлинг Халанд е отфрлена. Сепак, според пишувањата на водечките европски медиуми, вклучувајќи ги Билд, СкајСпорт, Би -Би -Си … Њукасл би можел да има пеколен тим веќе следното лето.

Првиот избор за голманската позиција е англискиот репрезентативец и голман на ВБА, Сем Џонсон.

Дубоа, Суле, Беднарек, Мазрауи би биле бековската линија, додека на средината од теренот се опциите Модриќ, Кеси, Кутињо, односно ова се трите имиња кои најчесто се поврзуваат со „страчките“. Офанзивниот дел би се состоел од фудбалерот со македонски потекло кој игра за Шведска, Кулушевски, Вернер и Кејн, што е многу интересен избор.

Се разбира, ова се уште се шпекулации и сите пишувања треба да се земат со малку резерва, но ова е првпат во јавноста да протече можна почетна постава на новиот моќен Њукасл.

Сигурно се очекува возбудлива зима на „Сент Џејмс Парк“, но уште повозбудливо лето 2022 година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама