Connect with us

Фудбал

Арбелоа нов амбасадор на Реал

Алваро Арбелоа се враќа во Реал Мадрид, но не како играч, туку на позицијата амбасадор.

Горд сум и среќен, ова е мојот дом. Дали е можно да се вратите на место кое никогаш не сте го напуштиле? – напиша Алваро на својот Твитер профил.

34-годишниот Арбелоа се повлече од фудбалот во текот на летото, имајќи само четири настапи за Вест Хем во својата последна сезона.

Тој има одиграно 246 натпревари во дресот на „кралскиот клуб“.