Фудбал
Аргентина е во финале, Меси го заслужи тоа, Хрватска ќе се бори за бронза (ВИДЕО)
Селекцијата на Аргентина е прв финалист на СП во Катар. Вечерва со 3:0 ја совлада Хрватска. Меси од пенал во 34-та, Алварез во 39-тата, а потоа во 69-тата слалом на Меси покрај Гвардиол и асистенција за Алварез за 3:0.
Аргентина имаше уште 2-3 добри шанси за гол, но не ги реализираше. Хрватска играше добро во поле, но тешко создаваше шанси. Првиот директен шут кон голот на Аргентина го имаа дури во второто полувреме.
Според она што го покажа, не само на светското првенство, туку воопшто во кариерата Меси заслужи да игра финале, па зошто да не го го крене и пехарот.
Хрватска ќе се бори за бронза, а противникот во финалето Аргентина ќе го дозне утре вечер по дуелот помеѓу Франција и Мароко.
Финалето ќе се игра в недела на 18-ти декември, а ден претходно, во сабота, поразените во полуфиналните пресметки ќе се борат за бронзата на Мундијалот во Катар.