Фудбал
Аргентинец ќе го суди мечот Македонија-Украина
Познати се имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на вториот меч на македонската фудбалска репрезентација на Еуро 2020. Главен судија ќе биде Фернандо Андрес Рапалини, а ќе му асистираат Хуан Пабло Белати и Диего Џамил Бонфа. Четврти судија ќе биде Славко Винчиќ од Словенија.
Инаку, како дел од соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, работата на Националната арена во Букурешт му е доверена на Аргентинецот Фернандо Андрес Рапалини. Ова не е прв пат да судии од друг континент да судат на ЕП, или обратно.
Мечот се игра на 17-ти јуни со почеток во 15:00 часот. По првото коло на првите две места со три бодови се Австрија и Холандија, а Македонија и Украина задутре ќе се борат за првите бодови.