Connect with us

Други спортови

Аргентинецот Хернандес е победник на 35. Охридски маратон

Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски маратон.

Хернандес патеката „“Климе Савин“ чиј старт беше на Свети Наум, а целта во Охрид, во должина од 25 километри ја исплива за 5:50.30 часа.

Хернандес го презеде водството на трката кај Трпејца од Италијанецот Гетини и првото место не го пропушти до самиот крај и сосема заслужено триумфира.

Второто место му припадна на Италијанецот Франческо Гетини кој беше победник на 32. издание на Охридскиот маратон во 2018-та година, а македонските претставници ги освоија третото и четвртото место.

Евгениј Поп Ацев заврши на третото место, а Александар Илиевски беше четврти. Покрај нив, на маратонската трка учествуваа уште Сидрит Деску и Арион Будима од Косово, Арне Штулар од Словенија како и единствената пливачка, Аргентинката Ванеса Гарсија.

На традиционалната трка, настапија само осум маратонци бидејќи првично маратонот беше одложен, но по интервенција на општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, беше презакажан за денеска.