Connect with us

Фудбал

Арнаутовиќ го напушта Вест Хем

Марко Арнаутовиќ ја исполнува својата желба, го напушта Вест Хем и во иднина ќе го носи дресот на кинески Шангај СИПГ.

За услугите на Арнаутовиќ, Шангај на лондонскиот клуб ќе му исплати 25 милиони евра.

Сагата за контроверзниот напаѓач траеше долго, откако тој по втор пат побара трансфер. Иако „чеканите“ не сакаа да го пуштат, сепак се одлучија да не чуваат незадоволен играч во својот ростер.

30-годишниот австриец за Вест Хем во две сезони во Премиерлигата одигра 59 натпревари и постигна 21 погодок. Арнаутовиќ е третиот напаѓач кој го напушта лондонскиот тим летово, откако претходно му истече договорот на Енди Керол, а Лукас Перез беше продаден во Алавес.

Извор: Дриблинг