Фудбал
Арнаутовиќ може да добие невидена казна?
Многу бура донесе натпреварот помеѓу Австрија и Македонија.
Австријците победија со 3:1, а натпреварот го одбележа инцидентот на Марко Арнаутовиќ.
За време на прославата на голот, Арнаутовиќ се сврте и започна да пцуе.
Британски Дејли Меил објави детали за инцидентот. Арнаутовиќ започнал да пцуе и рече дека е згрозен од сите Албанци.
Причината за ваквото однесување на австрискиот напаѓач не е позната, а вербалниот дуел продолжи и по натпреварот, но страстите брзо се смирија.
Однесувањето на Арнаутовиќ ја згрози европската јавност, а австрискиот репрезентативец се извини.
Според дисциплинската регулатива на УЕФА, Арнаутовиќ може да добие казна од дури десет натпревари.
ФФМ испрати допис до УЕФА и побара строга казна за австрискиот напаѓач.
„Го осудуваме националистичкиот испад на Марко Арнаутовиќ против Езгјан Алиоски. Доставивме официјално писмо до УЕФА со кое бараме најстрога казна. Ние секогаш сме против национализмот, дискриминацијата, навредите и сите други испади што не се во духот на фудбалот. Ние секогаш го браниме достоинството на македонските фудбалери“, стои во соопштението на ФФМ.