Connect with us

Фудбал

Арсенал го потврди заминувањето на четворица играчи

Лондонски Арсенал денес го потврди заминувањето на четворица играчи од клубот.

Дани Себаљос, Давид Луиз, Мартин Одегард и Мат Рајан не се веќе „топџии“.

Соработката на овие фудбалери со тимот од Емирати истекува на 30 јуни, и тие го напуштаат клубот.

Бразилецот Давид Луиз (34) ги мина изминатите две сезони во Арсенал и одигра вкупно 73 натпревари со четири постигнати голови.

Дани Себаљос и Мартин Одегард играа во Лондон како позајмени играчи од Реал Мадрид и тие се враќаат во редовите на кралскиот клуб.

Себаљос играше на позајмица две сезони и играше на 77 натпревари за „топџиите“, додека Одегар дојде во јануари оваа година и настапи на 20 натпревари.

Последен кој го напушта клубот е австралискиот голман Мат Рајан. Тој се враќа во тимот на Брајтон од каде беше позајмен оваа сезона.

Австралискиот голман оваа сезона се појави само три пати во дресот на „Топџиите“.

Арсенал минатата сезона ја заврши на осмото место во Премиер лигата со 61 поен и нема да игра во Европа следната сезона.