Connect with us

Фудбал

Арсенал го спасува „отпишаниот“: „Разговараме со него“

Лондонскиот Арсенал е подготвен да му помогне на својот поранешен член Џек Вилшер, кој остана без клуб.

Поранешниот играч за врска на Арсенал е слободен играч по прекинот на соработката со Борнмаут, а менаџерот на Арсенал, Микел Артета истакна дека разговара за плановите во иднина.

„Разговараме со Џек за да знаеме кои се неговите цели“, рече Артета, додавајќи:

“Тој е човек што сите го обожуваат. Сакаме да му помогнеме на најдобар начин. Не би отишол толку далеку и би рекол дека повторно ќе игра за Арсенал. Само велам дека разговараме со него за да му помогнеме и тоа е тоа“, истакна Артета.

Вилшер играше за Арсенал од 2008 до 2018 година. Играше 197 пати и постигна 14 голови.