Connect with us

Фудбал

Арсенал нема да игра таму каде што планираа

Англиските клубови не се во можност да патуваат во одредени земји поради рестрикциите кон Велика Британија, па УЕФА е принудена да ги менува местата каде се играат натпреварите.

Така, веќе се закажани три натпревари во Лигата на шампионите на кои ќе играат англиски клубови во Будимпешта (РБ Лајпциг – Ливерпул и Борусија (М) – Манчестер Сити) и во Букурешт (Атлетико Мадрид – Челзи).

Арсенал ќе игра против Бенфика во Лигата на Европа, а како што се очекуваше, овој натпревар нема да се игра во Лисабон.

Бенфика ќе биде домаќин на лондонските „топџии“ на стадионот „Георгиос Караискакис“ во Атина, додека португалскиот тим треба да слета во Лондон на првиот натпревар без никакви проблеми.

Вирусот предизвика бројни проблеми ширум светот во изминатата година и засега ќе мора да следиме такви смени, сè додека не се смири состојбата со пандемијата.