Фудбал
Арсенал подготвува големо засилување: Десетката и двојно поголема плата
Лондонски Арсенал подготвува голем трансфер.
Англиските медиуми пренесуваат дека Топџиите во следните денови би можеле да испратат понуда за sвездата на Лестер, Џејмс Медисон, што е желба на менаџерот Микел Артет.
Наводно, Арсенал е подготвен да му понуди на 24-годишниот играч за врска навистина одлични услови кои сигурно би го привлекле на „Емирати“.
Тимот од Лондон е подготвен да му понуди петгодишен договор (4 + 1) и плата двојно поголема од онаа што ја има во Лестер, што изнесува 5,7 милиони фунти годишно.
Исто така, на масата е ставен и дресот со број 10, па ова е секако многу интересна понуда за одличен фудбалер за која дефинитивно ќе размисли.
Медисон е обврзан со договор за Лестер до 2024 година. Доколку Арсенал го посака, ќе мора да плати отштета што може да биде поголема од 50 милиони фунти.
Сепак, парите не се проблем за Арсенал. Тие се подготвени да потрошат на засилувања и нема да биде изненадување доколку Медисон пристигне на „Емирати“.
Џејмс Медисон е член на Лестер од 2018 година. Тој дојде од Норич, а претходно играше за Ковентри и Абердин.
За Лестер, 24-годишниот играч одигра вкупно 118 натпревари и постигна 27 погодоци.
Треба да се напомене дека Арсенал се обиде да го ангажира и Серхио Рамос, но шпанскиот дефанзивец одби плата од 17 милиони евра и ја прифати понудата на ПСЖ.