Фудбал
Арсенал се откажува од Луис Енрике
Луис Енрике изгледаше како одлична замена на Арсен Венгер, но сепак, клубот од северниот дел на Лондон го исклучи поранешен тренер на Барселона од опција, поради неговите високи барања за плата.
Венгер го напушта клубот после 22 години, а сега е на Арсенал да го најде вистинскиот човек што ќе го замени Венгер.
Според „Дејли Мирор“, „Топчиите“ не се подготвени да платат големи пари за нивниот нов тренер, особено откако не се квалификуваа за Лигата на шампионите во 2018/19.
Ако го нема Енрике значи дека на листата се останати уште пет „потенцијални“ тренери кои Арсенал сака да ги претстави на Стен Кронеке, мнозинскиот акционер, а целта е да го претстават новиот тренер пред почетокот на Светското првенство.
Патрик Виеира и Микел Артета се двајца ученици на Венгер кои ќе понудат континуитет во клубот, и покрај релативниот недостаток на искуство на највисоко ниво.
Другите имиња кои се разгледуваат се предводени од Алегри, сепак, Јувентус е подготвува да го обнови, но и да му понуди „подобрен“ договор на тренерот.
Арсенал на својата листа ги има и Јоаким Нил, Џулијан Нагелсман и Леонардо Жардим.