Connect with us

Фудбал

Арсенал со три порази на последното место, но Артета „мува не го лази“: Луѓето не разбираат некои работи, а коментираат

Топџиите“ забележаа три порази во воведните три кола и репрезентативната пауза беше добредојдена за да се обидат да се консолидираат, но Микел Артета не е толку загрижен, иако позицијата почна сериозно да се тресе.

-Имавме проблеми со повреди. Луѓето не разбираат некои работи, а потоа коментираат. Сега екипата ќе биде сосема нова и ќе започнеме со победи , рече Артета, потоа продолжи:

-Ни требаше пауза. Разговаравме со играчите, свесни сме за ситуацијата во која се наоѓаме, но не сме загрижени. Сезоната само што започна и ќе започнеме со серија триумфи.

Арсенал ќе игра против Норич во текот на викендот и се освен триумф ќе биде нов шок за навивачите на Арсенал.