Фудбал
Арсенал владее со Лондон, падна Челзи (ВИДЕО)
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи на „Стемфорд Бриџ“ со резултат 1:0 во дербито од 15. коло на Премиер лигата.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања, Челзи беше целосно безопасен и без вистински удар кон голот на Рамсдејл, додека од друга страна Арсенал беше поконкретен и имаше една одлична можност.
Арсенал продолжи да создава шанси и во вториот дел, во 62. минута Менди го запре Жезус, но во следниот напад гостинскиот тим поведе. Сака изведе корнер, а Габриел само ја одби топката во мрежата за 0:1.
Челзи имаше само пет удари, а само еден во рамиите од голот, што покажува колку повторно беше добра одбраната на Арсенал.
Standings provided by Sofascore