Connect with us

Фудбал

Артета: Го извлековме најдобриот можен резултат

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за медиумите откако неговиот тим беше поразен во Виљареал со 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа.

Арсенал губеше со 2:0, но со голот на Пепе од белата точка сепак стигна до резултатот што му дава надеж за финалето пред реваншот на „Емирати“.

„Не сакавме да загубиме, но начинот на кој се одвиваше играта, губевме со 2:0 со десет играчи, ова е веројатно најдобриот резултат што можеше да го извлечеме. Имаше две различни полувремиња. Во поголемиот дел од првото полувреме тоа не бевме ние, бевме неорганизирани, не бевме прецизни со топката и не ја контролиравме доволно играта“, изјави Артета за БТ Спорт.

„Не бевме доволно опасни, немавме желба да напаѓаме во шеснаесетникот, но во второто полувреме бевме сосема различни. Навикнати сме Бакајо Сака да игра добро оваа сезона, но тоа ни кажува дека имаме да работиме понапорно затоа што не можеме секогаш да се потпреме на него“, изјави тренерот на лондонскиот тим.

Реваншот се игра за седум дена во Лондон, со почеток во 21 часот, а Артета е убеден дека ќе стигне до финалето.

„Убеден сум дека можеме да стигнеме до финалето, без оглед на овој резултат“, вели Артета, чиј Арсенал игра многу лошо во англиската Премиер лига, а освојувањето на Европската лига би значело пласман во Лигата на шампионите.

Во второто полуфинале од Европската лига, Манчестер Јунајтед ја совлада Рома со 6:2, а реваншот се игра на 30.мај на „Олд Трафорд“.