Connect with us

Фудбал

Артур е новото засилување во Барселона

Откако договорот беше постигнат во март, Барселона и Гремио ги договорија сите услови за трансферот, така што Бразилецот, Артур стана нов засилувач на каталонскиот гигант.

Трансферот на Артур од Гремио е потврден од Барселона, а Каталонците ќе платат 31 милион евра на бразилскиот клуб со дополнителни 9 милиони евра преку бонуси.

Иначе, Артур ќе потпише шестгодишен договор со Барселона, а неговата клаузула за откуп ќе изнесува 400 милиони евра.

Како што велат од Барса, Артур веднаш ќе се приклучи на првиот тим, а наскоро се очекува и неговата официјална презентација на Камп Ноу.