Connect with us

Фудбал

Артуро Видал најави заминување од Баерн

Германски „Bild“ ,објави дека Баерн сака да продаде четири фудбалери во летниот преоден рок, а тоа се Бернат, Алкантара, Боатенг и Видал.

Баерн ќе го продаде секој од овие играчи доколку добие соодветна понуда, и се чини дека Артуро Видал веќе се подготвува за евентуална промена на средината.

Тој во својата последна изјава, на одреден начин го најави неговото заминување од Баерн Минхен, со оглед на тоа дека истакна дека добро ќе размисли за сите опции за во иднина.

„Мојот договор важи уште една година …“, напомена Видал во разговорот со „La Prens Austral“, па продолжи:

“Јас сум многу опуштен, знам колку вредам и знам како се играат важни натпревари. Тоа е причината зошто има толку многу понуди за преодниот рок, но овој пат имам намера да размислат за се“.

“Мојот менаџер, ќе се погрижи за сè. Посветен сум на одморот за да можам да ја дочекам новата сезона во најдобра можна форма… Ако го сменам тимот, сакам предизвици во Лигата на шампионите и да се борам за нешто важно“, рече Видал.