Connect with us

Фудбал

„АС“: Реал Мадрид најде ново засилување во Аргентина!

Навивачите на Реал Мадрид очекуваат од претседателот Флорентино Перез во јануари да ангажира барем едно звучно засилување, зашто не се задоволни со настапите на клубот.

„АС“ пишува дека на „Сантијаго бернабеу“ наредната недела би требало да пристигне фудбалерот на Ривер плејт, Есекиел Паласиос, за кого претходно интерес покажа и Барселона.

Паласиос е еден од најталентираните фудбалери во Аргентина и дебитираше и за неговата репрезентација. Наводно, Перез имал состанок со управата на Ривер во Абу Даби додека се играло Светското клупско првенство, па ги почнале преговорите.

Во наредните денови Реал Мадрид ќе испрати и официјална понуда за младиот Аргентинец, а доколку биде сè како што треба, тогаш Паласиос ќе пристигне на „Бернабеу“.

SUPERSPORT.MK