Connect with us

Фудбал

Асенсио заминува во јануари? Реал Мадрид ја одреди неговата цена

Марко Асенсио важи за еден од најдобрите млади играчи во Европа, но во Реал Мадрид не е задоволен од начинот на кој го третираат.

Асенсио го одушеви фудбалскиот свет со своите потези во дресот на кралскиот клуб, па многумина очекуваа да добие место во стартниот состав на Кралевите. Сепак, Зинедин Зидан не му веруваше многу, а „трендот“ продолжува и оваа сезона иако тренер сега е Жулен Лопетеги.

Веќе некое време се зборува за тоа дека Асенсио би можел да го напушти Реал Мадрид иако тоа е незамисливо за навивачите на овој клуб. Но, „AS“ објави денеска дека Флорентино Перез сериозно размислува да го искористи Асенсио во јануарскиот преоден рок за да го донесе Еден Азар.

Наводно, Перез е подготвен да се откаже од еден од најдобрите млади играчи во Европа за во своите редови да го донесе Азар. Белгиецот веќе долго време е на метана Кралевите, а со продажбата на Асенсио шпанскиот велика дополнително би ја наполнил касата.

„AS“ додава дека Перез е подготвен уште во јануари да го продаде Асенси и наводно за него одредил цена од 115 милиони евра. Интерес за 22-годишниот фудбалер покажаа Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи, па ќе биде интересно да видиме што ќе се случи на крајот од сето ова.