Фудбал
Ашраф Хакими потпиша за ПСЖ
Како што е најавено, Ашраф Хакими е новиот играч на ПСЖ.
Францускиот вицешампион денес објави дека одличниот дефанзивец потпишал договор до летото 2026 година и е само едно во низата големи засилувања донесени од богатиот клуб ова лето.
Мароканецот денес беше на медицински прегледи и беше официјално претставен во градот на светлината, а сега се очекуваат потписите на Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Џорџино Вајналдум, додека се шпекулира за доаѓањето на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Хакими пристигна во Интер минатото лето од Реал Мадрид за 45 милиони евра и се покажа како фантастично засилување. Тој успеа да го освои Скудетото во својата прва сезона и беше еден од најдобрите играчи на овој клуб.
Не е познато колку ПСЖ му плати на Интер за Хакими, но се верува дека се работи за цифра од околу 70-75 милиони евра.
✍️? #WelcomeAchraf
Le @PSG_inside est heureux d’annoncer l’arrivée dans son effectif d’@AchrafHakimi.
Le latéral droit marocain de 22 ans, qui possède également la nationalité espagnole, a signé un contrat de cinq ans et est lié au club jusqu’au 30 juin 2026.❤️? #WeAreParis
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 6, 2021