Фудбал
Астон Вила го сруши Манчестер Јунајтед, убедлива победа (ВИДЕО)
Астон Вила забележа убедлива победа на домашен терен против Манчестер Јунајтед. По само 11 минути игра веќе беше 2:0 за домаќините со головите на Бејли и Диње. Во продолжението на мечот Јунајтед успеа да се опорави од шокот, но не целосно. Во 45-та Рамзи постигна автогол за намалување на 2:1, но истиот играч на почетокот на вториот дел постигна гол, овој пат во вистинската мрежа за 3:1 во корист на Астон Вила. Овој резултат остана до крајот на мечот.
Standings provided by Sofascore