Connect with us

Фудбал

Аталанта ги спушти „Росонерите“ на земја: Милан повторно срушен на Сан Сиро, Интер не го искористи тоа

Во дербито на 19. коло од Серија А, Аталанта го совлада тимот на Милан на Сан Сиро со 3:0.

Тимот на Стефан Пиоли го одигра веројатно најлошиот натпревар во изминатата година, а тимот од Бергамо ги декласираше денеска.

Аталанта стигна до водечкиот гол во 26. минута од натпреварот. Лошата реакција на одбраната на „росонерите“ ја искористи Ромеро и погоди за 0:1 .

Можеше да има повеќе голови во првото полувреме, но мрежите не се тресеа сè до 53. минута од натпреварот кога беше досуден пенал за гостите. Бизарен пенал направи Кеси.

Јосип Иличиќ ја презема одговорноста за изведбата. Одличниот Словенец беше прецизен за 0:2 .

Милан тогаш имаше неколку напади, но денес не беа премногу опасни. Аталанта, пак, создаде бројни шанси, а Милан го „докрајчија“ во 77. минута.

Тоа беше уште една одлична акција на гостите. Дуван Запата ги постави конечните 0:3.

Тешкиот пораз на Милан не го искористи нивниот градски ривал Интер. „Нероазурите“ одиграа на гости 0:0 со Удинезе и заостануваа со два бода помалку од „росонерите“.

Со оваа победа Аталанта стигна до четвртото место и има 36 бода.