Connect with us

Тајмаут

Атлетико М даде доживотна забрана за навивач

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид му изрече доживотна забрана за навивач на тимот кој полицијата го идентификуваше затоа што фрли предмет на теренот за време на дербито на локалната лига против Реал Мадрид, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Капиталното дерби беше прекинато околу 20 минути токму поради многуте предмети кои од трибините летаа кон голманот на Реал Мадрид – Тибо Куртоа. Тоа дојде по гол за гостите во вториот дел, но Атлетико сепак израмни со ударот на Анхел Кореа во судиското надополнување.

„Нашиот безбедносен оддел ќе работи заедно со полицијата до идентификација на сите инволвирани во инцидентот. Тие ќе добијат неопределена забрана за посета на стадионот“, објави Атлетико, цитиран од агенцијата Ројтерс.

Шпанскиот клуб додава дека е забрането да се носи облека или маски на стадионот, кои симпатизерите можат да ги користат за да го сокријат својот идентитет.