Фудбал
Атлетико Мадрид ја сака ѕвездата на ПСЖ
Диего Симеоне, тренер на Атлетико Мадрид, сака да го засили тимот и има намера тоа да го стори со сензационален трансфер во јануарскиот преоден рок.
Аргентинецот сака да го зголеми потенцијалот во нападот и посочи значајно име за постигнување на оваа цел. Според „АС“, Симеоне го сака напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.
Договорот на Уругваецот со францускиот клуб ќе истече на крајот на оваа сезона и во моментот, се чини дека играчот нема намера да го обнови.
Поради оваа причина, Атлетико е подготвен да „нападне“ во јануари и ја разгледува понудата што ќе ја испрати до ПСЖ во текот на овие недели.