Фудбал
Атлетико Мадрид: Ќе ги фатиме оние што фрлаа предмети, идентификувавме еден
Раководството на Атлетико Мадрид излезе со специјално соопштение откако дербито со Реал Мадрид беше прекинато 18 минути бидејќи навивачите на „душеците“ почнаа да го насочуваат голманот на Реал, Тибо Куртоа. Се вели дека меѓу фрлените предмети имало и вреќа со фекалии, но тоа не е официјално потврдено.
https://x.com/TrollFootball/status/1840491633466577132
„Атлетико Мадрид сака да го осуди фрлањето на предмети што се случи од дел од јужната трибина во 68. минута од натпреварот против Реал Мадрид. Откако овие работи излегоа на виделина, одделот за безбедност на клубот соработуваше со полицијата на пронаоѓање на инволвираните, од кои еден сега е идентификуван. Клубот ќе примени внатрешен режим наменет за многу сериозни случаи за луѓето вклучени во овој инцидент“, се вели во соопштението на Атлетико.
„Овие акции немаат место во фудбалот и го нарушуваат имиџот на стадион кој доживеа неверојатна атмосфера со повеќе од 70.000 гледачи на трибините и кој покажа примерно однесување од голем дел од навивачите“, додаваат од клубот.