Други спортови
Австралија опен ја менува локацијата поради Ѓоковиќ?
Не е исклучена можноста Австралија опен да не се одржи во Мелбурн, пренесуваат странските медиуми.
Првиот Грен слем сезонава е традиционално Австралија опен, но прашање е дали овој престижен турнир ќе се одржи во Мелбурн.
Австралиската држава Викторија усвои строги мерки во врска со вирусот Ковид-19 и сите оние кои не се вакцинирани не можат да влезат во тој дел на Австралија. Меѓу нив е и Новак Ѓоковиќ.
Дејли Мејл наведува дека организаторите сериозно размислуваат за преместување на турнирот во еден од другите градови како што се Сиднеј или Бризбејн.
Ѓоковиќ се уште не потврдил дека е вакциниран, а еден од приоритетите е најдобриот тенисер на денешницата да биде присутен на турнирот.
Инаку, освен Ѓоковиќ, уште неколку тенисери од врвот не се вакцинирани, па организаторите на првиот Грен слем се обидуваат што поскоро да најдат решение за тениската елита да се собере во Австралија и се да биде во најдобар ред.