Connect with us

Други спортови

Австралија опен ќе добие нова шампионка

Првиот грен слем во сезоната, Австралија опен, во женската конкуренција, ќе добие нова шампионка, откако бранителката на трофејот, Каролина Вознијацки, го заврши својот настап во третата рунда. Подобра од Вознијацки беше Русинката Марија Шарапова, која со 6:4, 4:6, 6:3 се пласираше во четвртото коло.

Шарапова, имаше периоди на фантастична игра, во кои потсети на своите најдобри денови. На крајот пресуди неверојатната серија од пет гема што Шарапова ги освои во првиот сет (од 1:4 стигна до 6:4). Вознијацки успеа да се рехабилитира од шокот и по голема борба со идентични 6:4 го доби вториот сет и израмни на 1:1.

Шарапова отпорот на противничката го скрши по петтиот гем во третиот сет, кога со серија од четири гема, по два часа и 26 минути го заклучи мечот. Во четвртото коло Шарапова ќе игра против Ешли Барти.

Третото коло го минаа Слоун Стивенс и Анастасија Павличенкова. Американката и Русинката ќе се сретнат во четвртото коло. Стивенс во два тај – брејка ја совлада Петра Мартиќ од Хрватска, додека Пављученкова беше убедлива против Алијаксандра Сасновќ од Белорусија со 6:0, 6:3.

Кај мажите мина се според планираното, па така фаворитите лесно се пласираа во наредното коло.