Connect with us

Фудбал

Азар: Ние сме златната генерација на Белгија, можеме да освоиме трофеј

 Англиската златна генерација од фудбалери не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, но белгиската има шанса да осојува трофеи, изјави капитенот на „црвените ѓаволи“ Еден Азар.

Халфот на Челзи е еден од лидерите на одличниот белгиски тим, полн со супер-ѕвезди од европските првенства, вклучувајќи Тибо Куртоа, Кевин де Бруин, Дрис Мертенс и Ромелу Лукаку.

Во почетокот на векот, по 2000-та година, Англија располагаше со фудбалери како Дејвид Бекам, Стивен Џерард, Френк Лампард, Мајкл Овен и други, но никогаш не усепаја да поминат четвртфинале на големо првенство.

– Златната генерација, кои вие во Англија ја имавте пред 10-15 години, не освои ништо. А сега мислам, и го кажуваме тоа на фановите, новинарите и на сите во Белгија, дека ние можеме да освоиме нешто. Ние сме златната генерација на Белгија, се обрати Азар кон новинари во Англија.

Белгија ќе игра токму против Англија во групата Г на 28 јуни, што е последниот меч од групната фаза. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат Мундијалот на 18-ти јуни со Панама, по што ќе се соочат против Тунис.