Connect with us

Фудбал

Баер Леверкузен го ангажираше првото засилување од 12 милиони евра

Фармацевтите ќе потпишат петгодишен договор со Мичел Вајзер, 24-годишниот фудбалер на Херта за кој ќе платат 12 милиони евра за неговата клаузула за откупување на договорот.

“Со ангажирање на Вајзер направивме добра работа. Тимот ќе добие на квалитет, станува збор за многу талентиран фудбалер кој ќе не е потребен во следната сезона. Следната сезона повторно ќе играме во Европа и ќе ни треба ширина во тимот”, изјави спортскиот директор на Баер Руди Фелер, и додаде:

“Во текот на изминатите години тој покажа дека има голем потенцијал и сметаме дека може целосно да го искористи во нашиот клуб”.

Мичел Вајзер игра на позицијата десен бек. Во Херта помина три сезони по пристигнувањето од Баерн Минхен, каде што не успеа да се избори за голема улога во тимот.