Connect with us

Фудбал

Баерн е подготвен да продаде четири ѕвезди, но не и Роберт Левандовски

Одамна е јасно дека Роберт Левандовски сака да ја промени средината и да го напушти Баерн, иако пред неколку дена дојде до четвртата титула во низа, шампион на Германија играјќи за баварскиот гигант.

Сјајниот полски напаѓач веќе не е задоволен на Алијанц Арена, а одново се споменува дека кариерата може да ја продолжи во редовите на Реал Мадрид. А агентот на Роберт, Пини Захави веќе некое време наведува на голем трансфер на неговиот клиент, но во Баерн одлучиа да не го продаваат нивниот напаѓач.

Како што пренесуваат некои германски медиуми, во Баерн не сакаат Нико Ковач да остане без прва напаѓачка опција, во својата дебитантска сезона на клупата на клубот од Минхен.

Сепак челниците на Баерн, сосема различно размислуваат за некои други играчи во нивниот тим, а германскиот „Билд“ денес објави дека се подготвени да продадат четири ѕвезди, се разбира доколку добијат соодветни понуди.

Значи, наводно се на продажба, Хуан Бернат, Тиаго Алкантара, Артуро Видал и Џером Боатенг. Баерн сигурно нема да има проблем да ги пронајде клиентите за споменатите играчи, а особено ова се однесува на Видал, Боатенг и Тиаго Алкантара, кои одамна биле на радарот на некои европски гиганти.