Connect with us

Фудбал

Баерн го „тероризира“ Луис Суарез, Уругваецот ќе почне да го мрази фудбалот

Во центарот на вниманието по синоќешниот меч на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид (4:0) се најде Луис Суарез. Уругваецот на овој натпревар настапи до 76-тата минута, но Баерн ќе му остане во многу лошо сеќавање.

Имено, последните два меча од ЛШ ги одигра токму против германскиот тим. Првиот се одигра пред два месеци кога како фудбалер на Барселона загуби со неверојатни 8:2, а синоќа во дресот на Атлетико Мадрид загуби со 4:0.