Фудбал
Баерн (М) потроши 85 мил. евра на Хернандез
Најчитаните шпански и германски медиуми, на ударното место и со наслов “ексклузивно”, ја пласираа информацијата за почетокот на долго очекуваната реконструкција во Баерн (М). Актуелниот шампион на Германија нема време за чекање затоа што по првиот дел од актуелната сезона има шест бода помалку од лидерот на табелата, тимот на Борусија од Дортмунд, а за противник во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони го доби англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Сезоната веќе сега “мириса” на неуспех, а Баерн (М) има итна потреба од неколку квалитетни засилувања. Прв кој ги поседува сите тие квалитети е францускиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Лукас Хернандез. Офанзивниот лев бек има само 22-години и во финалниот натпревар од последниот Мундијал во Франција, Хернандез запиша дури четри асистенции.
Шпанскиот весник “Марка” ја пласираше информацијата дека на 1. јануари, Баерн (М) ќе ја исплати ослободителната клаузула во договорот на Хернандез, вредна 85 мил. евра.
- Се чини дека дуелот против Алавес, на кој заработи повреда, најверојатно ќе последниот на Лукас во дресот на Атлетико (М), пишува “Марка”.
Клупскиот директор на “јорганџиите”, Андреа Берта, изјави дека извршниот директор на Баерн (М), Карл-Хаинц Румениге може да даде одговор на прашањето дали преговорите околу трансферот на Хернандез се во завршна фаза.
- Ништо не можам да потврдам, ниту пак да демантирам, изјави Румениге.
Германски “Билд” пак пишува дека дефанзивецот на Баерн (М), Мартс Хумелс сигурно ќе си замине од “Алианц арена” на крајот од актуелната сезона и дека интерес за неговите услуги покажале челниците на Тотенхем и Челзи. Низ излезната врата сигурно ќе поминат и Франк Рибери, Ариен Робен и Томас Милер.