Connect with us

Фудбал

Баерн му се приклучи на ПСЖ во финалето на ЛШ

Лисабон, 19 август 2020 (МИА) – Баерн Минхен ќе игра по 11-ти пат во својата историја во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи тимот на Лион со 3:0 на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон.

Французите направија неколку пропуст пред голот на Мануел Нојер и, како што честопати се случува, ќе треба да жалат после тоа.

Гнабри му донесе предност на Баерн во 18-тата минута по прекрасен соло пробив, а во 33-тата ја удвои предноста по одбиена топка одблизу. Во 88-та минута Роберт Левандовски повторно постигна гол – во 9-тата последователна средба на турнирот.

Па така Баерн му се приклучи на ПСЖ во финалето во Лисабон в недела и ќе го бара својот 6-ти трофеј на турнирот.