Connect with us

Фудбал

Баерн не го дава Левандовски за помалку од 200 милиони евра

Роберт Левановски, ќе може да го напушти Баерн Минхен само под услов понудата да не изнесува помалку од 200 милиони евра, објави германскиот „Билд“.

Договорот на полскиот репрезентативец со Баерн истекува на летот во 2021 година, но неодамна му поднесе барање да биде ставен на трансфер листата.

Без оглед на интересот на неколку европски клубови, главен фаворит за доведување на Левандовски е Реал Мадрид.

Левандовски пристигна во Баерн во јануари 2014 година од Борусија Дортмунд, а претходно играше за неколку полски клубови.

За екипата на Полска, тој одигра 93 натпревари и постигна 52 гола.