Фудбал
Баерн останува без стопер: “До кога веќе исти предизвици?”
Жером Боатенг, фудбалер кој со години е еден од главните столбови во одбраната на Баерн, објави дека може да ја промени околината.
Германскиот репрезентативец во клубот од Минхен дојде пред шест години од Манчестер Сити и досега со Баерн освои неколку трофеи, но сега е подготвен за нови предизвици и не се крие.
Дека почувствувал заситеност, тој потврдил во разговор за официјалниот сајт на Бундеслигата.
“Полека, дојдов до точка каде што се запрашав: Што не сум остварил? Дали сакам да продолжи да се докажувам во истиот клуб на истите стар цели? Се е за лични предизвици. Ова не е прашање на кариера. Овие се само прашања на животот. “рече Боатенг.
Овој 29-годишен фудбалер, исто така, рече дека е уверен дека може да направи уште поголем напредок и дека пред него има уште неколку добри години во фудбалот.
Во овој момент не е познато каде Боатенг може да ја продолжи својата кариера, доколку одлучи да замине по Светското првенство.