Фудбал
Баерн плати рекордна сума пари за трансфер на малолетен играч од ХНЛ
16-годишниот Ловро Звонарек и официјално е нов играч на Баерн.
Откако беше подложен на лекарски преглед, младиот фудбалер стана нов член на германскиот шампион, а неговиот поранешен клуб Славен Белупо ќе добие околу два милиони евра како компензација, а доколку се исполнат бонусите, сe може да достигне пет милиони евра.
Така, Звонарек ќе стане еден од најскапите тинејџери во историјата на ХНЛ.
“Баерн е еден од најголемите и најуспешните клубови во светот. Играњето овде, облечен во тој дрес … Ме прави горд, но исто така ме тера да продолжам да работам на себе секој ден”, изјави Звонарек по потпишувањето на договорот.
Баерн никогаш порано не платил таква сума за играч до 18 години. Тој е седмиот фудбалер од независна Хрватска што игра за Баерн по браќата Ковач, Прањиќ, Олиќ, Манџукиќ и Перишиќ.
Звонарек ќе остане во Славен како играч на Баерн до крајот на сезоната, во аранжман сличен на оној на Јошко Гвардиола пред неговото заминување од Динамо во Лајпциг.
Тинејџерот од Копривница веќе одработи неколку тренинзи во Баерн и клубот беше импресиониран, и сакаше да го донесе по секоја цена.