Connect with us

Тајмаут

Баерн расте, лани заработил 640 милиони евра

Баерн загуби од Борусија Менхенгладбах со 1-2, со што заврши серијата од 30 бундеслигашки фудбалски натпревари за Баварците без пораз. Тоа беше и прв пораз за Баерн под водство на новиот тренер, Јуп Хејнкес, по деветте победи едноподруго во сите конкуренции. На мечот против Борусија, на 95-от првенствен натпревар првпат капитенската лента ја носеше шпанскиот интернационалец, Хави Мартинез. Но и по поразот од Борусија, Баерн и понатаму е на челната позиција со 29 бода од 13 средби, три бода пред Лајпциг, а пет повеќе од Шалке.

Баварците пред мечот објавија дека во ланската сезона 2016/2017 оствариле рекoрдна бруто-заработка од 640,5 милиони евра, односно нето-добивка од 149,1 милиони евра. Профитот на Баерн се зголемил за 22,2 проценти во споредба со претходната година, на 66,2 милиони евра или чисти 39,2 милиони и покрај елиминацијата од Лигата на шампионите (ЛШ) во четврт-финалето и неосвојувањето на германскиот куп.
– Ситуацијата со извонредната добивка и зголемената финансиската моќ му овозможуваат на Баерн да вложува во тимот за да се осигуриме дека и понатаму ќе останеме конкурентни со фудбалската елита во Европа. Нашите комерцијални остварувања примарно служат за максимизирање на нашиот спортски успех – вели Јан-Кристијан Дрејзен, заменик-претседателот на Баерн.

Од клубот објавија и дека бројот на членовите се зголемил на 290.000 и оти постојат 4.327 официјални навивачки клубови на Баерн во Германија, во Европа и во светот.