Connect with us

Фудбал

Баерн се заканува дека ќе го бојкотира националниот тим за Нојер

Германската репрезентација со соочува со проблеми, кои се навистина сериозни. Станува збор за жестокото ривалство, кое го остава и Јоаким Лев немоќен. Голманот на Барселона, Тер Штеген, јавно го изрази незадоволството од клупата на националниот тим бидејќи блеска во неговиот клуб. Реакциите беа подеднакво силни, главно од Баерн Минхен, кој излезе во одбрана на својот „чувар“ Мануел Нојер. Претседателот Ули Хоенас беше бесен и кажа: „Тер Штеген прави како да има освоено 7 светски првенства“.

Сепак, Баварците не застануваат тука. Тие се закануваат дека ќе ја бојкотираат германската репрезентација доколку тренерот Лев го изостави Мануел Нојер како прв голман на Германија. Хоенес јасно стави до знаење: „Ако Јоаким Лев реши да го замени Нојер со Тер Штеген, ние веќе нема да испраќаме играчи во националниот тим. Никогаш нема да прифатиме дека тука има разлика “. Претседателот на Баерн Минхен, од друга страна, ја отфрли можноста за разговор со Лев во иднина:  „Тој веќе го слушна тоа што имавме да го кажеме“.