Connect with us

Фудбал

Баерн со заслужени 3 бода во Милано

Баерн Минхен го победи Интер со 2:0 на Џузепе Меаца. Германците постигнаа по еден гол во двете полувремиња и донесоа заслужени три бода во Миланов.

Во 25. минута Кимих проигра длабок пас до Сане, кој се заглави меѓу двајцата централни дефанзивци, излезе сам против Онана, го совлада и погоди за 0:1.

Во второто полувреме, Баерн во 66. минута направи перфектен напад. Коман и Сане направија двојно додавање и Сане се најде длабоко во шеснаесетникот на Интер. Следуваше додавање паралелно со гол-линијата, топката удри во ногата на Данило Д’Амброзио и влезе во мрежата.