Фудбал
Бајрамот го одложи потпишувањето на договорот на Лорис Кариус
Германскиот голман Лорис Кариус ќе го напушти Ливерпул до крајот на преодниот рок.
Овој 25-годишен голман ќе стане нов член на турски Бешикташ, а двата тимови уште во понеделникот го договориа трансферот вреден 9,5 милиони фунти.
Меѓутоа Кариус се уште нема стигнато во Истанбул за да го потпише договорот. Причината е сосема едноставна затоа што во Tурција се слави Бајрам и во Бешикташ одлучиа да го пролонгираат доаѓањето на германскиот голман.
Сепак, се би можело да биде готово уште денеска. Кариус би требало да ги направи лекарските прегледи и да го потпише договорот со турскиот клуб.
Целокупниот трансфер вреди 9,5 милиони фунти. „Редсире“ сега ќе добијат 2,25 милиони за двегодишна позајмица, а во 2020. година ќе го откупат договорот на Кариус и Ливерпул ќе инкасира дополнителни 7,25 милиони фунти.
Исто така, Ливерпул ќе има процент од наредниот трансфер на Кариус од 20 проценти.