Connect with us

Фудбал

Баку домаќин на финалето од ЛШ во 2019 година?

Финалето во фудбалската Лига на шампионите во 2019 година ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, пренесуваат медиумите во Шпанија повикувајќи се на извори во УЕФА.

Извршниот комитет на УЕФА, в четврток (21 септември), треба да донесе одлука за домаќините на финалните натпревари на европските клупски натпревари, а Шпанците известуваат дека Азербејџан веќе го добил домаќинството на најатрактивниот натпревар.

Сериозен кандидатот за финалето на ЛШ 2019 година беше новиот стадион на мадридски Атлетико, но наводно, од УЕФА се пожалиле дека нема доволно ВИП места. Новиот стадион на Атлетико има околу 7.000 ВИП места.

Финалето на елитното натпреварување во мај 2018 година, ќе се игра во Киев, Украина.