Connect with us

Фудбал

Балотели падна на најниските гранки и си ја отвори душата: Не разбирам, зошто се предрасудите кон мене, што направив толку лошо?

Марио Балотели, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Европа и ѕвезда на Милан, Манчестер Сити, Интер и Ливерпул, падна на дното, а наскоро би можел да игра и во третата лига.

Балотели (34) денес е слободен играч. Летото му истече договорот со турската Адана Демирспор, по што не успеа да најде ангажман, па моментално е слободен на пазарот и може да потпише за секого, доколку има интерес. Се чини дека нема интерес, што е чудно поради великаните за кои настапуваше. Додека беше во својот врв, Балотели играше за некои од најсилните тимови во светот како Манчестер Сити, Интер, Милан или Ливерпул. Но, сега тој би можел да игра во третото ниво на шпанскиот фудбал. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Интерсити, третолигаш од Шпанија, му понудил договор на некогаш големиот италијански репрезентативец, а преговорите напредуваат и се во напредна фаза. Наскоро би можело да дојде до соработка.

Во меѓувреме, во интервју за ДАЗН, Марио Балотели се отвори како никогаш досега и за прв пат проговори дека е неправедно етикетиран како проблем во тимот поради неговиот уникатен темперамент.

“Не ги разбирам предрасудите. Сум се расправал со некои тренери, но сите се расправаат. Никогаш не сум уништил ниту една соблекувална. Денеска се зборува за допинг, зделки со дрога, обложување… Секогаш се држев настрана, çто направив толју лошо?“, праша Балотели во изјава за DAZN.

Иако има 34 години, Балотели во овој момент сигурно би можел да помогне на  посилен тимови од Интерсити, па необично е што не може да најде подобар ангажман. Тој беше особено смртоносен во дресот на италијанската репрезентација каде на 36 натпревари постигна 14 гола.