Connect with us

Фудбал

Балотели се враќа во Италија

Контроверзниот напаѓач на Ница, Марио Балотели сака да го смени клубот за време на зимскиот преоден рок.. Според „Газета дело Спорт“, 26-годишниот Италијанец сака да се врати во италијанската Серија А.

Балотели во минатото настапуваше за Милан и Интер, а не е наведена желбата дали во некои од овие два клуба сака повторно да заигра или има трета опција.

Претходно, тренерот на Ница, Патрик Виеира не негираше дека Балотели може да замине во јануари. Контроверзниот Балотели има важечки договор со францускиот прволигаш до крајот на актуелната сезона.