Connect with us

Фудбал

Барди: Сакаме со победа да ја завршиме годината

Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди очекува победа против Азербејџан. Како што вели тој, триумф би значел поголема самодоверба за идните мечеви.

-Фаворити во фудбалот денеска нема , на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнеме и сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината, изјави Енис Барди во пресрет на утрешниот меч против Азербејџан кој е игра во Скопје со почеток во 14 часот.